ОНЛАЈН МАСТЕР ПРОГРАМА „БУДЕЊЕ НА СВЕСТА“

Направена според најпродаваната книга Будење на свеста, оваа дигитална мастер програма е ваш водич кон внатрешна слобода, јасност и автентична моќ.

Со 8 професионално снимени модули, аудио верзии, медитации на 432Hz и практични когнитивни вежби, ова е вашата можност:

  • Да ја откриете вистинската моќ во себе;
  • ​Да се поврзете длабоко со себе и својата внатрешна мудрост;
  • ​Да го искусите внатрешниот мир и леснотијата во секојдневниот живот;
  • ​Ќе научите како да се слушате себе, да го прифатите својот пат и да внесете свесност и спокојство во секојдневните моменти, без разлика колку животот е хаотичен;
  • ​Ќе научите како да го насочите вниманието, да ја прочистите својата енергија и свесно да ги креирате своите денови;
  • ​​Свесно да креирате живот полн со радост и автентична исполнетост;
  • ​Можност да ја примените секоја техника веднаш во секојдневниот живот.

Заедница

Никогаш не сте сами. Започнете патување заедно со останатите членови на заедницата "Будење на свеста".

Е-учење

Едноставни и разбирливи видео туторијали за 1:1 учење, аудио материјали, работни книги и медитации.

Внесете свесност во секој момент

Живот со свесност е можен. Програмата ќе ве води кон вашата внатрешна мудрост, радост и лична слобода. 
Книгата "Будење на свеста" ја објавивме заедно со коавторот Радован Витошевиќ во 2019-та година и после 10.000 продадени примероци и награда за најпродавана книга на годината, ја создадов оваа ексклузивна онлајн програма. Трансформациско продолжение на книгата со внимателно дизајнирани вежби, медитации и практични задачи кои ве водат кон вистинско будење на свеста.

Што велат членовите за онлајн програмата Будење на свеста:

ОНЛАЈН Мастер програмата Будење на свеста е за вас доколку:

  • Сакате да ја запознаете својата вистинска природа и да се посветите на себеспознавање;
  • ​Посакувате внатрешен мир и леснотија во секојдневниот живот;
  • Сакате свесно да креирате живот кој ви носи радост и исполнетост.

Сè што ви е потребно за да започнете е отворен ум, отворено срце и желба за трансформација.

Содржина на онлајн програмата:

Модул 1: Преземи одговорност

За да постигнете целосност и самодоверба потребно е да преземете целосна одговорност за вашите животи, и за внатрешните и надворешните искуства.

Модул 2: Емоција

Овој модул го демнострира концептот дека свесноста за емоциите можат да те отворат кон нови потенцијали и можности, и да бидат твојот водич кон повисока вибрација. 

Модул 3: Позитивни афирмации

Научете како да ги ослободете кочниците преку позитивните афирмации, да се репрограмирате и да се префрли тежиштето од негативна во позитивна мисла и емоција. 

Модул 4: Вашиот пат до Медитација

Овој модул е дизајниран да си помогнете во процесот на себеспознавање, да научите да го слушнете внатрешниот глас и да доживеете чиста свесност. 

Модул 5: Енергетски центри

Избалансирајте ги своите енергетски центри и станете вистински креативен канал. Нивната хармонија и баланс претставува целосна рамнотежа на вашето битие.

Модул 6: Примарна и секундарна цел

Научете како да поставувате цели за да го активирате свесниот и потсвесниот ум да разберат што е потребно да се направи за да целта стане реалност.

Модул 7: Преземи свесна акција

Секое долго патување започнува со еден чекор. Секоја идеја ќе остане само идеја доколку не преземеме акција. Добиете јасна слика за важноста на преземање на акција.

Модул 8: Закон на привлечност:

Сè во универзумот вибрира, и сите слични вибрации се привлекуваат како магнети. Научете како свесно да креирате и манифестирате.

Што ќе добиете:

  • Онлајн мастер програма со 8 видеа за 8 недели со Катерина Ангеловска;
  • Аудио снимки за да можете да го слушате секој модул (аудио верзија на секој модул); 
  • Работни материјали за секое видео со медитации и задачи што треба да ги направите лично вие; 
  • ​Заедница со ексклузивна Facebook група каде што ќе можете да размените искуства;
  • ​Неограничен пристап до мастер програмата Будење на свеста.

Која е Катерина Ангеловска?

Катерина е магистер по психолошки науки, советник за личен развој, учител по Mindfulness, терапевт во енергетско поле и семејни констелации и автор на 2 книги, бестселерот Будење на свеста и 333 Афирмации.

Таа носи мудрост од нејзините повеќе од 10 години професионални искуства во оваа област и работа со илјадници клиенти насекаде во светот.

Води различни програми за свесно живеење и е целосно посветена да им помогне на луѓето да ја пронајдат големината и моќта во себе.

Нејзините програми се засновани на холистички модел на раст и развој и ги опфаќаат сите сегменти на човековото постоење. Во последните неколку години, нејзината работа, пораката што ја пренесува, нејзината енергија и нејзиниот личен коучинг стил поттикнаа илјадници поединци да се трансформираат и да ги исполнат своите соништа.

Дозволете оваа програма да биде семето кое заедно ќе го засадиме за едно ново ослободувачко свесно постоење.
























Регистрирај се сега и придружи ни се!

Донеси одлука да бидеш дел од единствената група за будење на свеста и приклучи се на единствената комплетна програма за будење на свеста во нашата држава.

Воопшто не е важно што ви се случило до сега во животот, кога сте ја игубиле вербата во себе, сте се откажале од своите соништа или сте ги изневериле. Сега е моментот да ја спуштите својата внатрешна кочница и да донесете силна одлука да ја пронајдете големината и моќта во себе и да живеете автентичен и исполнет живот. 

Често поставувани прашања:

1. Што е онлајн мастер програма?
Оналјн матер програма е онлајн курс со видеа кои можете да ги гледате кога сакате и каде сакате. И преку кои видеа можете да си го надополнувате своето знаење и искуство.

2. Што конкретно значи оваа програма?
Онлајн мастер програмата Будење на свеста е онлајн курс за личен развој. Овој курс нуди содржина која ќе ви помогне да го надополните своето знаење и искуство за вашиот личен раст и развој.

3. За кого е програмата?
Ова програма е за секој кој има блесок на љубопитност за тоа што сè е возможно да направите за себе. За сите оние кои веќе се посветени на себеспознавање и за сите оние кои сакат да постигнат внатрешен мир и живот со леснотија, и свесно да креирате. Сè што ви е потребно за почеток на ова авантура е да го отворите вашиот ум и вашето срце. Да бидете свои вистински и да уживате во процесот.

4. Дали програмата е врзана со книгата Будење на свеста?
Програмата е дигитална екстензија на книгата Будење на свеста. Кога излезе книгата Будење на свеста, уште тогаш имав идеја да создадам онлајн програма која ќе биде продолжение на книгата, во која програма ќе може подлабоко да се навлезе во нејзината содржина со вежби, медитации и слично. Во оваа програма одвоив 8 теми кои верувам дека се фундаментални во процесот на личен раст и развој.

5. Дали морам да ја прочитам книгата Будење на свеста за да ја поминам програмата?
Не мора да ја имате прочитано книгата Будење на свеста за да ја поминете програмата. Можете прво да ја поминете програмата и истовремено да ја читате книгата. Можете да ја поминете програмата па после да ја читате книгата. За да ја слушате и поминете онлајн мастер програмата не сте врзани со читање на книгата Будење на свеста.

6. Дали треба да се пријавам претходно за да се приклучам на програмата?
Ова е програма која не е врзана со никакво претходно пријавување. Преку овој линк вие имате можност да ја купите програмата, онлајн со платежна картица. Откако ќе ја купите програмата вие автоматски за една минута добивате мејл од Mentrotools (тоа е платформата на која оваа програма се наоѓа) со податоци како да влезете во вашата онлајн програма. И веднаш започнувате со истражување на нејзината содржина. 

7. Какви се вежбите и медитациите во модулите?
Програмата содржи 8 модули. Секој модул има или работна вежба или медитација, зависно од модулот. Доколку во модулот има работна вежба, таа е во pdf документ и ќе можете вежбата да си ја симнете на вашиот компјутер и да ги одговорите на прашањата кои таа вежба ги содржи. Медитациите се снимени со мојот глас и јас ве водам во медитацијата. Исто така медитациите имаат пријатна музика во позадина. Откако ќе ја ислушате медитацијата можете да си запишете во вашиот дневник што сте доживеале додека сте медитирале. На крај на секој модул има и прашалник кој треба да го одговорите и кој ќе ви помогне да добиете подлабок увид за модулот кој што сте го поминале.

8. Дали можам да ги отворам сите видеа наеднаш?
Нема да можете да ги отворите сите модули во еден ден. Што значи тоа:
• Откако ќе се најавите во прогрмата прво ќе го поминете првиот модул.
• Ќе го изгледате видеото, доколку сакате можете и неколку пати да го изгледате, од вас зависи.
• Откако ќе го изгледате видеото, имате работна вежба или медитација (зависи од модулот). Ќе ја направите вежбата или ќе ја ислушате медитацијата.
• Ќе имате неколку дена да ја воспримите содржината на тоа што сте го поминале. И на крај можете да одговорите на прашалникот (кој го има во секој модул поединечно), за тоа како модулот ви помогнал во вашиот процес.
• После неколку дена ќе биде отворен наредниот модул. И така сè до крај на програмата.
• Идејата не е веднаш да ги отворите сите модули, идејата е да добиете спознанија, увиди и искуства во целиот процес.

9. Колку ќе ме чини мастер програмата?
Регуларната цена на мастер програмата Будење на свеста чини 3.990 денари. Сега за летниот период ви нудиме ЕКСТРА ЛЕТНА ПОНУДА. Можете да одберетe една од следниве 3 (три) опции:
1. Онлајн мастер програма = 2.590 денари
2. Онлајн мастер програма + книга Будење на свеста = 3.190 денари
3. Онлајн мастер програма + 1 менторска сесија со Катерина = 3.990 денари

10. Зошто мастер програмата е евтина?
Мојата цел е мастер програмата да биде достапна за сите, со цел да можам да допрам и да помогнам на што е можно повеќе луѓе преку програмата.

11. Кога можам да започнам?
Можете да започнете во било кој момент. Штом ја нарачате мастер програмата, ќе имате пристап до видеата, работните материјали, медитациите и до Будење на свеста заедницата.

12. Колку долго ќе имам пристап до мастер програмата?
Откако ќе ја купите програмата и ќе ги добиете податоците за да се најавите, вие имате неограничен пристап до програмата и вие го одредувате времето и местото каде сакате да ја гледате нејзината содржина.

13. Јас немам искуство за овие теми, дали можам без искуство да ја поминам програмата?
Доколку имате барем малку љубопитност за тоа какви потенцијали носите во себе, што сè можете да направите за себе и своето постоење, доколку знаете дека можете повеќе а некако чувствувате блокади кои ве спречуваат во тој процес, и доколку сакате да постигнете внатрешен мир и живот со леснотија, а притоа немате знаење и искуство во „овој свет“, оваа онлајн мастер програма е токму за вас. А јас сум тука да ви помогнам во тој процес.

14. Што е потребно за да ја следам мастер програмата?
Нема технички барања за да ја започнете програмата. Во секое од видеата ќе ви покажам точно што треба да направите во вашите работни материјали и истото ќе можете сами да го изведете. Сè што ви е потребно е дигитален уред, мобилен телефон/лаптоп/персонален компјутер и интернет конекција за да можете да ги гледате видеата, да ги слушате аудио снимките и да ги преземете работните материјали.

15. Која е целта на мастер програмата и како таа влијае практично во секојдневјето?
Целта на програмата е да ја поттикнеме личната и духовна трансформација и да ослободиме простор во нашето срце за љубов која ќе не исцелува. Бидејќи знаењето без искуство е само знаење, затоа во програмата има работни вежби и медитации, кои знаењето кое ќе го добиете во содржината од видеата ќе го преточат во искуство кое пак искуство ќе ви даде нови хоризонти и можности.
СЛЕДЕТЕ НЀ НА:
 © 2022 Катерина Ангеловска I Политика на приватност
This site is not a part of the Facebook website or Facebook Inc. Additionally, This site is NOT endorsed by Facebook in any way. FACEBOOK is a trademark of FACEBOOK, Inc.
Информациите содржани во овие видеа и материјали се наменети да бидат едукативни, а не за дијагностицирање, терапија или третман на било какво нарушување на здравјето на човекот. Овие информации не треба и не ги заменуваат консултациите со надлежен здравствен професионалец. Доколку сте болни или чуствувате било какви симптоми на нарушена здравствена состојба, потребно е да се обратите на професионално медицинско лице. Авторот и издавачот во никој случај не се одговорни за било каква злоупотреба на содржината на овие материјали.
Сите алатки и вежби во овие материјали можете да ги користите за ваши личпни потреби, но не и за понатамошно дистрибуирање и користење на истите во било какви други форми. Сите права се заштитени од Катерина Ангеловска и Космик Центар за личен и професионален развој ДОО Скопје.